13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Уапсени 16 американски маринци, шверцувале мигранти од Мексико

Шеснаесет американски маринци беа уапсени вчера во нивната база во јужна Калифорнија поради сомневање за казнени дела поврзани со дрога и шверц на имигранти без документи на границите на САД и Мексико, објавија американските воени претставници.

Апсењата во Камп Пендлтон произлегоа од одделна истрага за двајца други морнари кои беа уапсени претходно овој месец, под обвинение за трговија со луѓе кое го поднесоа федералните обвинители во Сан Диего, соопшти портпаролот на базата.

Маринскиот корпус објави дека освен притворените маринци во четвртокот, уште осум лица беа уапсени поради сослушување за неповрзани наводни казнени дела. Сите 16 уапсени морнари биле дел од Првата морска дивизија во Камп Пендлтон, една од најголемите бази на поморскиот корпус во САД.

Маринците се соочуваат со кривично гонење во рамките на воениот судски систем, но против нив сè уште не се подигнати никакви формални обвиненија, рече полковникот Камерон Единбург

Спонзорирано: