3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
СВЕТ

„Слуга на народот“ на Зеленски победи на изборите во Украина со 43,16% од гласовите

Украинската Централна изборна комисија (ЦИК) вели дека партијата „Слуга на народот“ на украинскиот претседател Владимир Зеленски ги добила предвремените парламентарни избори со 43,16 отсто од гласовите, пренесува ТАСС.

Четири други партии го надминаа прагот од пет проценти. Опозициската За живот доби 13,05% од гласовите, партијата на поранешната премиерка Јулија Тимошенко, Баткивчина – 8,18%, Европска солидарност на поранешниот претседател Петро Порошенко – 8,10%, и Голос на пејачот Свјатослав Вакарчук – 5,82 отсто од гласовите.

Според ЦИК, повеќе од 6,3 милиони луѓе ја поддржале партијата на Зеленски.

Сега Централната изборна комисија треба да ги сумира резултатите најдоцна до 4 август и официјално да ги објави во весниците „Холос Украини “ и „Уријадови курјер“ пред 9 август. Новиот парламент ќе се состане за првата сесија не подоцна од 9 септември.

Во Украина на 21 јули се одржаа предвремени парламентарни избори. Излезноста на гласачите изнесуваше 49,84 отсто, што е најниска во историјата на украинските парламентарни избори, а повеќе од 14,7 милиони луѓе не излегле на гласање.