7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руското МНР ќе ја разгледува одлуката на Палестина за прекин на договорите со Израел

Москва ќе ја процени одлуката на Палестина да ги суспендира сите договори со Израел, изјави рускиот специјален претседателски пратеник за Блискиот Исток и Северна Африка, Михаил Богданов, пренесува ТАСС.

„Треба да ги средиме работите. Слушнав за вестите, но потребна е анализа”, рече тој.

Според новинската агенција „Вафа“, палестинскиот претседател Махмуд Абас објави по состанокот на Палестинската самоуправа во Рамалах дека Палестина ги суспендира сите мировни договори потпишани со Израел.

„Нашите раце беа и сè уште се испружени за праведен, сеопфатен и траен мир. Но, ова не значи дека прифаќаме статус кво или да ѝ се предадеме на мерките на окупацијата”, рече Абас.

Покрај тоа, претседателот на Палестина уште еднаш го отфрли мировниот план на Блискиот Исток на САД, наречен „Договор на векот”.

Спонзорирано: