14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја истрела два неидентификувани проектили во Источното Море

Северна Кореја лансираше два неидентификувани проектили од крајбрежниот град Вонсан во Источното Море, објави во четвртокот новинската агенција „Јонхап“, повикувајќи се на началникот на Генералштабот на Јужна Кореја (ЈЦС).

„Нашата војска внимателно ја следи ситуацијата во случај на дополнителни лансирања и ја одржуваме позицијата на подготвеност”, велат од ЈЦС.

„Франс прес“ цитираше американски официјални лица кои известија дека Северна Кореја лансирала проектили со краток дострел.

Северна Кореја последен пат изврши голем тест за оружје на почетокот на мај. Според јужнокорејската ЈЦС, Северна Кореја на 9 мај лансираше бараж од проектили од околината на Синори во провинцијата Северен Пјонгјанг.

Спонзорирано: