15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Над 50 загинати во бомбашките напади во Авганистан, талибанците презедоа одговорност за еден

Непрекинато расте бројот на загинати во крвавите бомбашки напади низ Авганистан. Најмалку 56 луѓе загинале во последните 24 часа во три авганистански провинции.

Три експлозии одекнаа утринава во Кабул, при што загинаа најмалку 11 луѓе, меѓу кои пет жени и едно дете, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во експлозиите повредени се и 45 луѓе. Експлозиите се случија во источен Кабул.

Авганистанското Министерство за рударство потврди дека осум негови вработени се меѓу загинатите.

Талибанците ја презедоа одговорноста за бомбашкиот напад врз автомобил.

Портпаролот Забихулах Муџахид тврди дека конвојот на „странски освојувачи” кој поминувал низ областа бил цел на бомбашкиот напад. Ниту една група не презела одговорност за другите напади.

Во меѓувреме, хрватското Министерство за одбрана потврди дека двајцата хрватски војници кои беа повредени во вчерашниот напад од талибанците се во стабилна состојба.

Министерството, исто така, соопшти дека третиот повреден, 27-годишен војник, вчера им подлегнал на повредите во американската воена болница на аеродромот во Баграм, предизвикани од бомбашкиот напад .

Спонзорирано: