11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Милионер педофил пронајден со повреди на вратот во затворска ќелија

Милијардерот Џефри Епштајн, обвинет за сексуално малтретирање на малолетни лица, беше пронајден во полусвесна состојба и со повреди на вратот во затворска ќелија во Њујорк. Медиумите тврдат дека тој се обидел да се самоубие.

Епштајн го пронашле чуварите како лежи на подот од ќелијата во положба на фетус, а некои извори тврдат дека лицето му било помодрено. Веднаш бил однесен во болница.

Засега не е познато како милијардерот добил повреди на вратот, објави „Њујорк пост“.

Два извори тврдат дека тој се обидел да се обеси, а третиот извор вели дека повредите не се сериозни и дека е можно да се користи оваа ситуација со цел да се пренесе во друга институција.

Четвртиот извор вели дека е можно да бил нападнат, поради што еден затвореник, наводно, бил испрашуван.

Епштајн беше уапсен на почетокот од овој месец на аеродромот во Њујорк кога се враќаше од Париз. Тој е осомничен дека на малолетни лица на возраст од 14 години им плаќал за масажа, а потоа и сексуално ги искористувал.

Спонзорирано: