11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се враќале од одмор и загинале: Сестрите Добрила и Вида настрадале во несреќа кај Нови Сад

На зрењанскиот пат во близина на Нови Сад, вчера попладнето се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубиле три жени.

Починале возач на „аОпел Мерива“ 62-годишната Лилјана Матиќ и патнички во „Алфа Ромео“, две сестри, 27-годишната Добрила Милиќ и 21-годишната Вида Милиќ од Ѓурѓево.

Возачот Небојша Алексиќ бил примен во Клиничкиот центар „Војводина“ со повреди опасни по живот.

Како што неофицијално дознава Курир.рс, несреќата се случила кога автомобилот со новосадски регистерски таблички „опел“, со кој управувала една од настраданите жени, престигнал друг автомобил и директно налетал на автомобилот „алфа ромео“, исто така со новосадски регистерски таблички во кој настрадале двете сестри и повредениот возач. Српските медиуми пишуват дека сестрите се враќале од одмор, па доживеале несреќа.

На терен имало три екипи на Итна помош, како и полициј и пожарникари кои ги извлекувале телата од смачканите автомобили.

Preminula i mlađa sestra Vida Milić

Спонзорирано: