3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Директорот на ФБИ тврди дека Русија има намера и натаму да се меша во американските избори

И покрај санкциите и другите напори, во обид да се спречат активностите на Москва пред новите претседателски избори во САД закажани за 2020 година, Русите се решени да продолжат да се мешаат, изјави директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, а пренесуваат британските медиуми.

„Русите апсолутно имаат намера да се вплеткаат во нашите избори и да влијаат врз кампањата“, рече Вреј во изјава пред одборот за правосудство на американскиот Сенат.

Вреј ова го кажа пред денешното појавување пред Конгресот на поранешниот специјален обвинител Роберт Мулер, кој би требало јавно да сведочи за својата двегодишна истрага за наводно руско мешање во претседателските избори во САД од 2016 година, кои завршија со победа на републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Претседателот на одборот за правосудство, Линдзи Греам, републиканец од Јужна Каролина, го прашал директорот на ФБИ дали тоа значи дека Москва продолжува со истата активност, и покрај сите санкции и мерки од страна на Вашингтон.

„Да. Сметам дека тие нема да запрат, сè додека санкциите не се доволно моќни за да ги натераат да се повлечат“, одговорил Вреј.