12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

САД воведувааат експресна процедура за депортација на мигрантите

Владата во САД донела одлука со која експресно ќе се забрза процесот на депортација на емигрантите без потребни документи, без право да застанат пред судија.

Согласно тоа, секој емигрант кој не ќе може да докаже дека се наоѓа на тлото на САД континуирано најмалку две години, ќе може веднаш да биде депортиран.

Уредбата денеска треба да стане официјална, а нејзино оспорување најави американскиот Сојуз за граѓански слободи.

Досега на итна депортација беа подложни само емигрантите фатени на територија до 160 милји од границата, кои на американско тло минале помалку од две недели. Мигрантите кои биле приведувани во другите делови на САД мораа да се изведат пред суд и имаа право на адвокат.

Спонзорирано: