13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција се закани со воена операција

Ако не се воспостават безбедносни зони во Северна Сирија и ако продолжат заканите кон Турција, ќе биде покрената воена операција, предупреди Чавушоглу.

Според него, воената операција би можело да биде покрената источно од реката Еуфарат. Турција и САД се во преговори за воспоставување безбедносни зони долж границата на североисток од Сирија, каде САД ја поддржуваат курдската милиција, пренесе Ројтерс.

Анкара ја смета курдската милиција за терористичка организација и закана по безбедноста на Турција.

Чавушоглу изрази очекување дека договорот ќе биде постигнат, за време на денешниот разговор во Анкара со специјалниот американски претставник за Сирија, Џејмс Џефри.

Спонзорирано: