9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Над 40.000 њујорчани без струја поради топлотниот бран

Околу 40.000 жители на Њујорк немаат електрична енергија поради топлотниот бран и влажноста кои ја погодија американската метропола. Со исклучувањето на струјата најмногу се погодени жителите на Бруклин и Квинс.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, изјавил дека 20.000 потрошувачи во Бруклин вчера останале без струја, а комуналната служба треба да изврши поправки и да спречи поголемо исклучување на електрична енергија.

Во овие подрачја распоредени се околу 200 војници, 100 генератори и 50 рефлектори. Властите апелираат до граѓаните да ја проверат состојбата кај повозрасните соседи.

Спонзорирано: