17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Харадинај: Косово е посилно од кога било, независноста е легитимна и правична

Независноста на Косово е легитимна и правична, а државата денес е посилна од кога и да е, порача косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај, на деветтата годишнина од пресудата на Меѓународниот суд за правда.

Тој потсети дека на 21 јули 2010 година, еден ден пред историската одлука на МСП за независност на Косово, тој беше повикан на вториот процес против него од Хашкиот Трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија.

„За коинциденција, еден ден пред одлуката на МСП, на 21 јули, јас бев повикан во Хаг на вториот судски процес. Денес, кога повотрно сум повикан во Хаг, на оваа деветта годишнина, Косово е посилно од кога и да е, како независна, суверена, демократска, единствена и неделива држава и е посветено на својот евро-атлантски пат“, порача Харадинај, кој во петокот поднесе оставка од функцијата поради повикот од МСП.

Меѓународниот суд за правда, чие седиште е исто така во Хаг, е главниот судски орган на Обединетите нации. Основан е во 1945 година според одредбите на Повелбата на ОН.

Спонзорирано: