13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Волво“ повлекува милион возила ширум светот поради опасност од пожар

Шведскиот производител на автомобили „Волво“ ширум светот ќе повлече повеќе од милион возила, бидејќи некои делови од моторот би можеле да се стопат, објави денеска портпаролот на компанијата.

Како што пренесе агенцијата „Танјуг“, тој реклол дека во најлош случај проблемот може да предизвика пожар на моторот.

Според тековните информации, „Волво“ досега нема регистрирано таков случај.

Според шведската телевизија SVT, проблемот се однесува на моделите со 4-цилиндрични дизел мотори произведени во периодот од 2014 до 2019 година.

Тоа се моделите V40, V60, V70, S80, XC60 и XC90.

Ова е уште една лоша вест за „Волво“ кој е во сопственост на кинеската компанија „Гили“, бидејќи во четвртокот компанијата објави остар пад на профитот во вториот квартал од 2019 година, и покрај значителното зголемување на продажбата.

Спонзорирано: