10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“.

Според властите, жртвите се од сојузните држави Мериленд, Аризона и Арканзас.

Голем број настани во САД, како фестивали и спортски натпревари, се одложени поради невообичаено високите температури.

Националната метеоролошка служба предупреди од „опасен топлотен бран“, кој во комбинација со зголемена влажност во земјата може да доведе до топлотен удар доколку не се преземат соодветни мерки.

Спонзорирано: