11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
СВЕТ

Јапонците гласаат за Горниот дом на Парламентот, Абе има изгледи да го зајакне мнозинството

Јапонците денеска бираат претставници на Горниот дом на Парламентот, каде, како што се очекува, владејачкиот блок на премиерот Шинзо Абе ќе го зајакне мнозинството.

Ќе се гласа за 124 места во Горниот дом, кој е помалку влијателен од двата дома, бидејќи не го избира премиерот директно.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Либерално-демократската партија на Абе би можела да го задржи мнозинството бидејќи гласачите главно сметаат дека тој е посигурен избор од опозицијата.

Абе се надева дека заедно со сојузниците ќе успее да освои двотретинско мнозинство, кое е неопходно за процесот на ревизија на јапонскиот пацифистички Устав, односно членот 9, кој би и дал поголем легитимитет на војската.

Овој член не е менуван од стапувањето во сила во 1947 година и неговата промена ќе претставува голем симболичен пресврт од повоениот пацифизам.

Според анкетите, мислењата на гласачатите се поделени околу менувањето на Уставот.

Спонзорирано: