13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Фон дер Лајен ќе се залага за брзи преговори со Северна Македонија и Албанија

Претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен во нејзиното прво интервју за „Шпигел“ ги потврди заложбите за европската перспектива на Северна Македонија и Албанија.

Во интервјуто таа рече дека ќе се залага за почеток на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, веднаш откако ќе се оцени дека овие две држави ги исполниле критериумите, пренесе „Дојче вече“.

„Треба да отвориме преговори со тие земји веднаш откако Европскиот совет ќе донесе заклучок дека се исполнети критериумите. Треба да ја оставиме испружена раката кон овие земји. Го делиме истиот континент, истата историја, ние сме соседи. Доколку на овој регион му ја затвориме вратата, си предизвикуваме штета себеси“, рече Фон дер Лајен во интервјуто за „Шпигел“.

Фон дер Лајен беше избрана во вторникот за прва жена во историјата на чело на Европската Комисија. Се очекува таа да ја преземе новата функција на 1 ноември годинава.

Спонзорирано: