4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните да испитаат дали Катица Јанева го фалсификувала боледувањето

Пријателката на притворениот рекетар Боки 13, Катица Јанева, наводно се разболе дента кога беше обелоденета аферата за рекетарскиот политичко-судско-медиумски октопод на СДСМ, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму случајот со Специјалната обвинителка го поистоветуваат со поговорката „Кој лаже, тој и краде“, а како што велат, Јанева и лаже и краде исто како нејзиниот ментор Зоран Заев.

„На Јанева не може да и се верува и затоа надлежните мора да испитаат дали го фалсификувала или злоупотребува боледувањето. Мора да се спроведе детална и сериозна истрага кој се е вмешан во ова криминално и корумпирано СЈО, бидејќи само апсењето на Боки 13 и Зоран Милески Кичеец значи заштита на главата на октоподот и другите инволвирани во оваа рекетарска приказна“, велат од опозициската партија од каде јавно прашуваат зошто јавното обвинителство ја штити од одговорност Катица Јанева и дали во нејзиниот мобилен телефон се пронајдени дополнителни докази.