15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсени 18 члена на сицилијанската мафија

Италијанската и американската полиција уапсија 18 лица во Сицилија во операција за фаќање семејство, член на сицилијанската мафија.

Операцијата била насочена кон семејството Инзериљо од Палермо, кое е во егзил во САД од 80-тите.

Организираната криминална група Коза ностра почна да ја губи својата моќ во 2017 година кога лидерот Салваторе Рина (Тото) почина во затвор. Властите тврдат дека семејството Инзериљо и нивните сојузници со седиште во Њујорк, кланот Гамбино, се обидуваат да ја повратат контролата за време на отсуството на моќ во Сицилија.

Семејството живее во Соединетите Американски Држави од 80-тите кога војната што Рина ја водеше на островот ги принуди на егзил.

Истрагата ја истакнува силната врска помеѓу Коза ностра Палермо и американскиот организиран криминал, особено кланот Гамбино, се вели во соопштението на полицијата.

Семејството Гамбино е едно од таканаречените пет семејства што историски владееле на мафијашката сцена во Њујорк. Претходните обвиненија против членови на семејството вклучуваат убиство и дистрибуција на дрога.

Меѓу уапсените вчера се и градоначалникот на гратче во близина на Палермо, Салваторе Гамбино, како и Томазо и Франческо Инзериљо, директни роднини на Салваторе Инзериљо, моќен шеф на мафијата убиен од Рина во 1981 година.

Во последните две децении Коза ностра изгуби голем дел од својата апсолутна моќ на Сицилија. Но, обвинителите постојано предупредуваат дека групата се обидува да ја поврати својата моќ таму.

Спонзорирано: