13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Целосно е реновиран третиот кат во хируршката болница „Св. Наум Охридски“

Заврши првата фаза од реконструкцијата на одделенијата во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (старата градска болница), информира Министерството за здравство.

Од таму велат дека третиот кат, каде што се сместени одделенијата за детска хирургија и пластична хирургија, е целосно реновиран.

Во моментот се реновираат првиот и вториот кат. На првиот кат сместено е одделението за урологија, а на вториот сместен е одделот за дигестивна хирургија. Поставен е и нов лифт за да се одвива непречено работата во болницата.

Спонзорирано: