17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Откриени 50 килограми марихуана во автомобил кај Рача

Педесет килограми марихуана биле откриени во автомобил во близина на населбата Рача, на патот Охрид – Свети Наум.

Според информациите на СВР Охрид, синоќа во 23.20 часот бил сопрен автомобил, управуван од С. Л. (53) од Струга.

Во багажниот простор пронајдени биле три патни торби со 50-ина килограми марихуана. С. Л. се обидел со автомобилот да избега, но бил приведен. Во врска со овој случај приведен е и С. И. (31) од Струга, кој управувал друг автомобил.

По целосно документирање на случајот, СВР Охрид против нив ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Спонзорирано: