3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Twitter
СВЕТ

Мицотакис ги повика пратениците да се борат против популизмот

Новиот грчки премиер, Киријакос Мицотакис, ги повика своите пратеници во грчкиот парламент напорно да работат, секојдневно да се борат против популизмот и старата традиција на политички клиентилизам, пренесе грчкиот весник „Катимерини“.

На првата седница на грчкиот парламент, по положувањето на заклетвата, грчкиот премиер Мицотакис на парламентарната група на неговата партија Нова демократија ѝ порача повеќе да прави, а помалку да зборува.