21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел: Темни облаци се издигнаа над дијалогот Белград-Приштина

Германската канцеларка, Ангела Мекрел, истакна дека темни облаци се издигнале над дијалогот меѓу Белград и Приштина кога косовските власти вовеле такси врз српските производи.

Меркел во разговор со дописниците во Брисел нагласи дека Германија има голем интерес за европската интеграција на Србија и Косово и на тој пат постои напредок, меѓутоа, како што истакна, за интеграцијата неопходно е да се обнови дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

Таксите доведоа до незадоволство, а не до напредок, рече Меркел потсетувајќи дека за тоа разговарала со лидерите на Белград и Приштина претходно на состанок во Берлин, пренесе „Танјуг“.

Спонзорирано: