13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел го критикува Трамп за вербален напад врз конгресменките

Германската канцеларка, Ангела Меркел, ги критикува коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп кон демократските претставнички од имигрантско потекло велејќи дека се во спротивност со она што го смета за вистинска моќ на Америка и изразувајќи солидарност кон жените.

Меркел на годишната летна конференција за новинари беше прашана дали и натаму гледа основа за споделување заеднички вредности со Трамп кога тој рече дека конгресменките би требало да се вратат во своите земји ако не ја сакаат Америка.

„Луѓе од разни националности придонесоа за моќта на американскиот народ, така што коментарите се во спротивност на овој мој впечаток“, рече Меркел, а пренесе агенцијата АП.

„Ова е нешто што е спротивно од моќта на Америка“, додаде таа.

На инсистирање да одговори на прашањето дали чувствува солидарност со конгресменките, таа одговорила:

„Да. Јас одлучно се дистанцирав од тоа и чувствувам солидарност со трите жени што беа вербално нападнати“.

Спонзорирано: