10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Литванската амбасадорка Каириене со поддршка за датум за преговори со ЕУ во октомври

Премиерот Зоран Заев се сретна со Раса Каириене, амбасадорката на Република Литванија во нашата земја, која го завршува мандатот.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата биле поздравени постигнувањата на земјава на планот на добрососедските односи, особено преку постигнатиот договор од Преспа, како и во делот на реформите.

„Реформите даваат резултати, за што има позитивни оценки во извештајот на ЕУ, но се значајни и за граѓаните на нашата земја. Веќе имаме видливи резултати во борбата против корупцијата и во делот на зајакнувањето на правосудниот систем. Цениме дека е можно до декември нашата земја да биде полноправна членка на НАТО и дека во октомври ќе го добиеме заслужениот датум за почеток на преговорите со ЕУ“, истакнал Заев.

На средбата биле потврдени пријателските односи помеѓу двете земји и потенцирана била поддршката од Литванија преку експерти во твининг-програмите на ЕУ, што ќе продолжи и во иднина.

Спонзорирано: