18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Кирацовски: Случајот „Рекет“ е олицетворение на рекет-културата којашто како лоша практика се создаде за време на (над)децениското владеење на ВМРО-ДПМНЕ

Фејсбук статус на пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски:

Случајот „Рекет“ е олицетворение на рекет-културата којашто како лоша практика се создаде за време на (над)децениското владеење на ВМРО-ДПМНЕ, нефункционалноста и разјаденоста на најважните институции во државата како и шпекулативното наместо истражувачко новинарство зачинето со лажни вести кои повеќе и штетат на истрагата отколку што и користат.

Синоќа на ЦО на СДСМ беше изгласана декларација со која се потврдува борбата против криминалот и корупцијата што ќе биде ветер во грб на општествената заложба за искоренување на ова зло и обврска до срж да се спроведат истрагите од овој тип!

Штом „жртвите“ најпрво го пријавиле злоделото лично кај премиерот Заев, значи дека довербата во институциите е загубена, а граѓаните му веруваат единствено нему!

Да го сочуваме тој впечаток, но и да му помогнеме во процесот на возобновување на институциите на системот со што доверба во него, ќе се пренесува и вдолж институциската вертикала!

Спонзорирано: