8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Катица Јанева завршила висока обука за борба против мафијата – Каков имот поседува

Откако се обелодени случајот „Рекет” во кој е уапсен Бојан Јовановски или Боки 13, а истиот ден таа реши да ја депонира оставката, Катица Јанева стана топ тема во медиумите.

Јанева потекнува од семејство на познат судија, кој бил и претседател на основниот суд во Гевгелија, а во минатото ја вршела функцијата јавен обвинител во Основното јавно обвинителство – Гевгелија, откако 10 години пред тоа била заменик на јавниот обвинител во градот.

Според пишувањето на Скопје1, Јанева има завршено и висока обука за борба против мафијата, корупцијата и организираниот криминал во Италија. Таа е долгогодишен јавен обвинител, а поминала разни меѓународни обуки и специјализации пред да застане на чело на СЈО.

Нејзиното име се наоѓа и на листата предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Пишува дека предава кривично материјално и процесно право.

Катица Јанева во имотниот лист во Антикорупциската комисија има пријавено имот од над 250.000 евра. Наведено дека поседува моторно возило „рено 5 кампус“, трансакциона сметка во две банки. На име на нејзиниот починат сопруг, кој бил ветеринар, се водат плац во селото Конско во вредност од 1.000 евра, земјоделско земјиште од 1.930 квадрати во вредност од 20.000 евра и моторно возило ровер 45 во вредност од 20.000 евра.

Спонзорирано: