11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британска добротворна организација со предупредување бидејќи стапката на заболени од рак на кожата пораснала 45 отсто

Случаите на рак на кожата – или меланом – пораснале 45 отсто во Велика Британија во текот на изминатата деценија, покажува нова студија на добротворната организација Cancer Research.

Стапката на рак на кожата се зголеми 55 отсто кај мажите и 35 отсто кај жените.

Студијата е објавена за да го одбележи почнувањето на кампањата на добротворната организација која ги охрабрува луѓето да ја прифатат својата боја на кожата и со тоа да не подлегнат на искушението да се сончаат предолго со цел да потемнат.

Истражувачите велат дека зголемувањето на бројот на случаи на меланом, најверојатно, се должи на големиот број пакет-аранжмани што почнаа да се нудат во 70-тите.

Во поново време прифатливите цени на летовите исто така го направија патувањето во потоплите земји подостапно, што им олеснува на туристите да патуваат во овие земји и по неколкупати во годината.

Според организацијата, добивањето изгореници еднаш на секои две години може трикратно да го зголеми ризикот од меланом.

Карис Бетс, која го води одделот за здравствени информации во организацијата, истакнува дека заштитата од сонцето не е важна само при патувањето во странство, туку дека луѓето треба да се заштитуваат од сончевите зраци и кога се во својата земја.

„Сакаме да ги поттикнеме луѓето да го прифатат својот природен изглед и да ја заштитат кожата од оштетување од УВ-зраците“.

Организацијата препорачува луѓето да се покријат правилно кога се на сонце, што почесто да бараат сенка и да користат крем за заштита од сонцето со најмалку 15 фактор на заштита.

Студијата покажува дека иако случаите на меланом се почести кај луѓето на возраст над 65 години, тие се зголемиле 70 отсто кај лицата на возраст помеѓу 25 и 49 години.

Спонзорирано: