14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Русковска: Заев прв нѐ извести за „Рекет“

Премиерот Зоран Заев прв ме извести дека бизнисмени му се пожалиле оти се уценувани. Ова денеска го изјави обвинителката Вилма Рускоска за Независен весник.

– Премиерот усно нè извести мене и јавниот обвинител притоа изразувајќи подготвеност да дојде и да поднесе кривична пријава на записник. Но ние му советувавме сведокот да дојде во Обвинителство и да пријави, вели Русковска за „Независен“.

Премиерот Зоран Заев истото го изјави вчера на прес-конференција за случајот „Рекет” во кој е уапсен Боки 13, велејќи дека бизнисмени му се пожалиле оти се уценувани и дека тој тоа го пријавил.

За потсетување, Боки 13 моментално е во хашкото одделение со во Шутка, откако по собрани вербални и материјални докази, Обвинителството отвори истрага во која него и бизнисменот Кичеец ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Тие во два наврата примиле вкупно 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра од лице против кое се водело истрага. На осомничениот од кого ги изнудиле парите му ветиле дека преку обвинител со кого имаат пријателски врски т.е. влијание ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.

Спонзорирано: