10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Facebook
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од неговата канцеларија. Тој вели дека не примил никаква одлука ниту бил известен за каква било постапка против него.

„Ете и тоа го дочекав, утрово избркан како партал од канцеларијата и судската зграда, судски полицаец дојде да ја заклучи канцеларијата, ни одлука сум примил, ни официјално сум известен, ниту сум известен за било која од постапките на прогон против мене, освен од медиуми. Така функционира овој криминален систем! Тоа е таа ”благодарност” на системот за 24 години стаж во правосудните органи од кои 11 години судиски стаж во Кривичниот суд со потврдени најдобри резултати! Слава на Зоран Заев и Радмила Шеќеринска!“, напиша Панчевски.

Судскиот совет вчера на седница донесе одлука да го суспендира Панчевски, кој е обвинет за местење предмети во Судот со АКМИС системот. За него е почната и постапка за утврдување нестручно и несовесно вршење на судиската функција.

Спонзорирано: