10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Краток спој во трансформаторот на руска нуклеарка, радијацијата нормална

Руската нуклеарна централа „Калињин”, која се наоѓа северозападно од Москва, денес исклучи три од своите четири производствени единици по краткиот спој во трансформаторот, но нивото на радијација остана нормално, објави руската фирма „Росенергот“ која е дел од државната нуклеарна корпорација „Росатом“.

Нуклеарката во која се случи инцидентот се наоѓа во Тверскиот Регион, кој е оддалечен околу 350 километри од главниот град на Русија.

„Нивото на радијацијата во централата и областа околу неа е непроменето и во согласност со нормалното ниво”, соопшти „Росенергот“.

ТАСС добија уверување од прес-службата на фирмата дека исклучувањето на неколку производни единици од мрежата на оваа нуклеарка не е поврзано со работата на главната опрема на централата.

Спонзорирано: