7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германија воведува задолжителна вакцинација против мали сипаници

Германската влада го прифати предлогот на министерот за здравство, Јенс Шпан за воведување на задолжителна вакцинација против малите сипаници.

Децата во Германија ќе мора во иднина да бидат целосно вакцинирани против сипаници, пред да посетуваат училишта и градинки.

Задолжителната вакцинација важи и за вработените во овие установи, како и во прифаталиштата за бегалци и медицинските лица.

Заонот за задолжителна вакцинација треба да стапи на сила од март следната година.

Според нацрт-законот, родителите кои одбиваат да ги вакцинираат децата, можат да бидат казнети парично со 2.500 евра.

Спонзорирано: