10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Уште една лажна вест е демантирана: Димитровски: Не сум му платил рекет на Боки 13, не можам да видам 5.000 евра кеш, не па 500.000

Поранешниот градоначалник на Кочани и сопственик на печатницата „Европа 92” Ратко Димитровски, во изјава за „Лидер” демантира дека на на Бојан Јовановски, Зоран Милевски – Кичеец и Катица Јанева им платил рекет од 500.000 евра.

-Никој ниту ми се јавувал, ниту сум се видел со Боки 13, ниту од мене барал нешто такво. Ниту пак сакам да се видам со таков човек. Мојата компанија нема ни маркетинг во 1 ТВ, никаква соработка не сме имале, така што ова е дезинформација. 500.000 евра се огромна сума за мене. Не можам да видам 5.000 евра во кеш, не па толку – изјавил Димитриовски за „Лидер“.

Инаку и во текот на вчерашниот ден се појавија неколку лажни вести околу случајот, од тоа дека е извршен претрес во домовите на обвинителките Лиле Стефанова и Катица Јанева, за што веќе пристигна демант од обвинителството.

Исто така денес проструи уште една сомнителна вест дека се пронајдени прислушкувани разговори и компромитирачки материјали кај осомничените, за што засега нема никаква официјална потврда од надлежните.

Спонзорирано: