3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се огласи премиерот Зоран Заев во врска со најновите настани

Правдата вака силно не се чувствувала никогаш претходно во Република Северна Македонија, вели Зоран Заев, премиер на Република Северна Македонија за МИА.

– Денес се покажува дека Владата го ослободи системот, тој да биде независен и непристрасен. Ова е уште еден доказ дека законите важат за сите. Најважно е да се почитува пресумцијата на невиност и да се процесираат сите докази и индиции и да има фер и транспарентна постапка, во која Јавното обвинителство ќе ја информира јавноста за сите детали од постапката.

Но, морам да кажам дека е контрадикторно да се зборува за владеење на правото, а да се одбива лидерска средба каде што ќе се зборува за ЈО. Мицковски не е за владеење на правото и за борба против криминалот и корупцијата. Не гледам и зошто тој нема причина конечно да организираме попис во нашата земја, поради тоа што додека неговата политичка партија беше на власт ја направи нашата земја да биде една од ретките која нема направено попис, рекол премиерот Зоран Заев за МИА.