12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ВИДЕО: Одземени компјутерите на Боки 13 и синот на Катица Јанева

Во текот на претресот вечерва во просториите на „1ТВ“ одземени се компјутерите на Бојан Јовановски, познат како Боки 13 од неговата канцеларија и компјутерот на синот на Катица Јанева кој е вработен во телевизијата, јавува репортерот на ТВ21.

Полицијата претрес извршила во канцеларијата на Јовановски, а целиот претрес имало налог и да биде сниман од страна на полициските единици.

Снимките на ТВ21 потврдуваат дека се одземени предмети од телевизијата, а како што дознаваме претресот се вршел со цел да се пронајдат пари кои биле добиени со изнуда. Но засега нема информации дали се пронајдени, пренесе ТВ21.

Спонзорирано: