Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Познатиот бизнисмен вечерва заработи 30 дена притвор

Триесетдневен притвор заработи Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец од страна на Судија на претходна постапка.

Кичеец со полициска придружба вечерва е однесен да ја отслужи мерката притвор.

Инаку во тек е сослушувањето и на првоосомничениот во случајот Бојан Јовановски познат како Боки 13.

Од ОЈО и за него бараат притвор.

Вечерва беа извршени претреси на неколку локации на кои често бил Јовановски. Полицијата и’ го одзела и телефонот на обвинителката Катица Јанева, но не извршила претрес во нејзиниот дом.

Во тренд…