5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Facebook
СВЕТ

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште е значаен играч на светската политичка и безбедносна сцена, оценуваат белградските медиуми.

Белград ќе го дочека Макрон по неговата неодамнешна не толку оптимистична порака дека не го поддржува проширувањето на Европската Унија додека таа не достигне внатрешна консолидација.

Макрон ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а една од темите на дневен ред на средбата ќе биде проблемот со Косово, а медиумите во Белград јавуваат дека на официјален Париз не му смета размена на територии или менување на гранични линии, ако Белград и Приштина се договорат за тоа и регионот го прифати тоа решение.

Се очекува да бидат потпишани 20 билатерални договори.

Макрон трбаше да ја посети Србија во декември лани, но неговото доаѓање беше одложено поради протестите на жолтите елеци ширум Франција.

Медиумите во Белград и Париз нагласуваат дека посетата на Макрон е прва посета на француски претседател во Србија од времето на Жак Ширак во 2001 година.

Спонзорирано: