14.8 C
Скопје
17. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Анѓушев: Граѓаните преку дневната евтина тарифа заштедија од 8 до 11 милиони евра овие две години

Ја вративме евтина тарифа на струјата која донесе заштада кај граѓаните, а Електростопанство на Северна Македонија бележи позитивни резултати во работењето изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев во интервју за Сител, осврнувајќи се на реформите направени за граѓаните во областа на енергетиката.

„Во период од седум години, до 2015 година, цената на струјата бележеше пораст од над 60%, а притоа ЕСМ бележеше загуби во три години од 4 милиони евра, па се до 15 милиони евра во 2014 година. Денес, цената на електричната енергија веќе три години е иста, а ЕСМ бележи акумилирана добивка од 40 милиони евра и ликвидни средств од 80 милиони евра. Граѓаните преку дневната евтина тарифа заштедија од 8 до 11 милиони евра овие две години, нашите граѓани плаќаат најниска цена на електрична енергија во цела Европа, нема ниту приближно таква цена ниту во соседството“, изјави Анѓушев.

Спонзорирано: