4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Вонредна состојба на Хаваите поради пожарот

Гувернерот на Хаваи, Дејвид Иге прогласи вонредна состојба на островот Мауи, каде изби голем пожар поради што се евакуирани повеќе илјади луѓе, јави „Ројтерс“.

Пожарот, кој изби во четвртокот, моментно зафаќа околу 4.000 хектари некогашни полиња за шеќерна трска, наведуваат властите.

Пожарникарите, кои користат и хеликоптери во напорите за гаснење на огнот, велат дека успеале да локализираат околу 20 отсто од пожарот.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Пожарот изби во четвртокот.