9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Канал 5 “распали” по Милошоски: Каде беше Антонио кога се случи убиството на Мартин Нешковски!?

Господине Антонио Милошоски ние го слушаме гласот на нашите гледачи, макар биле и партиски војници, па затоа го прифаќаме Вашиот предизвик.

Еве во име на јавниот интерес Ве замолуваме да одговорите на овие прашања:

1. Зошто владата во која бевте министер, молчеше за убиството цели 48 часа?

2. Дали некогаш сте побаравте одговорност во вашата партија и во владата за очигледниот обид да се прикрие и заташка случајот?

3. Дали сте се запрашале кој и зошто од МВР и владата тогаш вршеа силен притисок врз медиумите да не известуваат за убиството?

Канал 5 има принципиелен став за разно-разните “бомби” – ниту порано ниту сега не ги објавува, од проста причина, да не влегуваме во валканите политички игри. Но, затоа се надеваме дека истрагата што ја води СЈО еден ден ќе даде одговори на прашањата кои Ви ги поставивме и Вам. Како што беше со случајот “Моќник” во кој сте првоосомничен, и кој се надеваме еден убав сончев ден кога Македонија ќе стане правна држава, ќе добие и судска разрешница.

извор: Канал 5

Спонзорирано: