9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Словенија ќе постави уште 40 километри ограда на границата со Хрватска

Словенија ќе постави уште 40 километри ограда на границата со Хрватска за да спречи нелегален влез на мигранти.

„Привремените технички бариери овозможуваат ефиканса заштита. Поставувањето на оградата е во склад со прифатен план кој е таен, така што не можеме да откриеме детални информации. Може да кажеме дека поставуваме огради таму каде што е потребно заради спречување нелегално преминување на границата. Моментно има 179 километри привремени технички бариери на границата“, рекла Весна Митриќ од Министерството за јавна управа.

Поставувањето нова ограда Словенија го оправдува со тоа што бројот на незаконски преминувања на границата со Хрватска е во пораст во последните два месеца, а се очекува тој тренд да расте.

На конкурост е избрана српската компанија ЛЕГИ-СГС со седиште во Белград, која ќе ја постави оградата за 4,8 милиони евра.

Границата меѓу Хрватска и Словенија е долга 671 километар. Словенија во 2015 година постави бодликава жица на 50-тина локации за што биле потрошени 6,6 милиони евра.

Спонзорирано: