20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

СДСМ: Странските гринфилд-инвестиции зголемени за 200 отсто

По 11 години изолација и стагнација, економијата се движи во добар правец, оцени владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија преку соопштение.

Напредокот во економијата, велат од СДСМ, е потврден и во годишната анализа за економските реформски програми на Европската комисија којашто констатира дека економскиот раст во земјава повторно зема залет и дека шансите се позитивни.

„Официјалните податоци на ФДИ Интеленџенс, сервис на ‘Фајненшел тајмс’, потврдуваат дека во периодот од јуни 2018 до мај 2019 во Република Северна Македонија регистрирани се 184,4 милиони долари странски гринфилд-инвестиции. Тоа е раст од 200 отсто на гринфилд-инвестиции во споредба со 2017 година. За само две години, вработени се околу 50.000 граѓани, а од нив дури 48.000 граѓани се вработени во реалниот сектор“, нагласи СДСМ.

Партијата додава дека како државотворна и одговорна партија, која за единствен приоритет ги има граѓаните, остануваат целосно фокусирани на развој на економијата, отворање нови работни места, враќање на парите кај граѓаните и обезбедување повисок животен стандард.

Спонзорирано: