10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полн пансион во Чернобил, во цената вклучено и зрачење

Повеќе од три децении по несреќата во нуклеарната централа Чернобил, „зоната на исклучување” останува исклучително опасно место, а со тоа и одлуката на Володимир Зеленски да се отвори за туристи и инвеститори во најмала рака е непромислена, предупредуваат руските експерти, ужаснати од идејата на украинскиот претседател.

Зеленски потпиша декрет со кој се укинуваат претходните забрани за посета на чернобилската „зона на исклучување“ околу местото на катастрофата на нуклеарниот реактор во 1986 година и ќе се создаде „зелен коридор“ за туристите затоа што верува дека на тој начин ќе ги отстрани условите за корупција.

Според него, Чернобил, кој стана популарна туристичка дестинација, е голем извор на корупција.

Зеленски вети дека Чернобил наскоро ќе стане научно и туристичко место, кое ќе биде „симбол на новата слобода во Украина – без корупција и ноторни забрани, но со инвестиции и иднина“.

Неколку туристички агенции од Киев на љубопитните им нудат посети на Чернобил. Оние кои не се плашат можат да одат и да го видат саркофагот, „градот на духовите” Припјат, каде што некогаш живееле енергетичарите и нивните семејства, како и „жолтата шума”, т.е. борови и елки на кои зрачењето им ја променило бојата. Цената на еднодневна екскурзија од Киев чини 50 долари по лице, а за странците чини речиси 150 долари.

Спонзорирано: