Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Направете совршено тесто за пица (видео)

Ако досега сте мислеле дека добра пица може да направите само со купено тесто, наредното видео целосно ќе ве разубеди.

Погледнете ги малите тајни од кујната и дознајте како да направите совршено тесто за пица.

ПОДГОТОВКА:

Половина килограм брашно ставете го во еден сад.

Потоа додајте ги состојките: две лажици сол, една шеќер, 5 грама сув квасец.

Кога сте готови со сувите состојки, додајте ги останатие – 0,3 дл млеко, 2,3 дл вода и 0,3 дл маслиново масло. Измешајте ги сите состојки во сад додека не добиете форма на тесто, а потоа продолжете со месење на глатка површина. Глатката површина задолжително побрашнете ја.

Откако ќе го замесите тестото, вратете го во сад, покријте го со чиста крпа и оставете го да одмара на топло околу еден час. Тестото растегнете го на саканата дебелина, а потоа на него ставете ги саканите состојки.

Во тренд