23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Шестмина туристи, меѓу кои две деца загинаа во силното невреме на Халкидики

Шестмина туристи, меѓу кои две деца, загинаа во силното невреме коешто го зафати северниот дел на Грција синоќа, на познатите туристички места во Халкидики.

Во невремето настрадаа Романка и нејзиниот осумгодишен син врз кои се урнал покрив во таверна во местото Неа Плагија. Меѓу загинатите се и двајца чешки туристи во Созополи, како и Русин и неговиот двегодишен син врз кои паднало дрво пред хотел во Неа Потидеа.

Едно лице се води како исчезнато, десетици се повредени, а причинета е и голема материјална штета. Грчката крајбрежна служба од вчера попладне трага по рибар, кој со неговиот чамец исчезнал во морето.

Прекинато е и снабдувањето со електрична енергија во најпогодените делови на Халкидики.

Грчката противпожарна служба добила над 600 повици за помош, а интервенирано е во 235 случаи за спасување и за отстранување паднати дрвја.

Спонзорирано: