SVEMIRKO и DJ Fitz се новите изведувачи за овогодишното деветто издание на фестивалот на нова музика „Здраво млади“, кој е закажан за 31 август во паркот на МКЦ.
Најинтересната современа појава на поп-музика на Балканот – бендот „Свемирко“ и добро познатиот диџеј Фиц се приклучуваат на досега најавените артисти: канадското пост-панк трио „Операторс“, аргентинците Mueran Humanos, хрватското мистериозно електропоп дуо – Nipplepeople, како и претставниците на европската (односно берлинската) електросцена CONFORCE, VIVIAN KOCH, ALEX ACID, програма курирана од нашиот репрезент и берлински резидент STOJCHE.
Билети за фестивалот можат да се набават на билетарница на МКЦ или оналјн преку bileti.mkc.mk по промотивна цена од 400 денари.
Спонзорирано: