10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈААНАЛИЗАТОП ВЕСТИ

Ѓорчев обвинува дека нашата земја умира, додека светот достигнал 8 милијарди луѓе, а заборава дека во време на режимот се иселија над 600.000 Македонци поради тортура од страна на бившата власт

Во ситуација во којашто светот достигнува 8 милијарди жители, во ситуација во којашто се зголемува населението, во ситуација во којашто земји коишто до вчера имале 10, 20 милиони жители растат со својата популација, Македонија се соочува со демографска катастрофа, рече на прес-конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ чие обраќање беше по повод 11 Јули – Светскиот ден на населението во календарот на Обединетите нации.

Тој се повика на податоците за месец април од билтенот на Заводот за статистика, кои, како што рече, се уште позагрижувачки.

„Податоците зборуваат дека во месец април 2019 бројот на родени бебиња во однос на минатиот април е паднат за 14,4%. Рецесија од 14,4%. Во април минатата година биле родени 1.672 бебиња, а во овој април се 1.432. Тоа е пад од 240 бебиња. Да ве потсетам дека 2018 беше најлоша демографска година откако има статистика и бројки во Македонија, најлоша во 70 години наназад“, посочи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тоа значи оти Македонија исчезнува и буквално умира.

На крајот, Ѓорчев порача дека Зоран Заев и неговите министри имаат историска одговорност за состојбата во сите сфери во земјава.

Најинтересно е што Ѓорчев не споменува дека над 600.000 македонски граѓани се иселиле за време на владеењето на режимот во периодот од 2006-тата до 2015-та година.

Граѓаните се уште глава не можат да кренат од тешката депресија во која беше фрлена нацијата преку секојдневен рекет, насилства, закани, уцени, удари и линч преку тогашните владини мегафони и полицијата. Неистомислениците не само што не може да дојдат до збор, туку беа угнетувани и затварани по македонските затвори, оние кои си заминаа се спасија од линчот на режимот.

Недалеку се времињата кога режимот се осветуваше преку медиумските мегафони на сите оние кои што ќе го кренеа својот глас. Се сеќаваме што им се случи на новинарите, лидерите на штрајкувачките одбори, водачите на демонстрации, на критичарите воопшто.

Од ВМРО ДПМНЕ не сфаќаат дека трендот кој започна во нивно време не може да се спречи наеднаш, со оглед дека довербата на граѓаните кон државата во таа неправда во која сите живеевме беше тотално изгубена, а враќањето на довербата кон институциите оди многу тешко имајќи ги во предвид секојдневните сопки со кои се соочува актуелната власт од страна на партиската машинерија на режимот вградена во државната администрација која е најголем кочничар на реформите.

Спонзорирано: