Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Бугарија ќе купува осум борбени авиони Ф-16 за 1,2 милијарди долари

бугарскиот весник „Новините“, новите авиони треба да ги заменат веќе дотраените авиони МиГ-29, кои биле купени кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години.

Набавката на осум летала Ф-16 „блок 70“ е највредната набавка на оружје во Бугарија во последните 30 години. Купувањето на авионите, оружје, придружната опрема и системи ќе се изврши преку четири различни тендери.

Заменик-министерот за одбрана, Атанас Запарјанов, изјави дека договорот вреден 1,25 милијарди долари ги вклучува леталата, муницијата, опремата и обуката на пилотите и дека постои опција американскиот Конгрес да помогне со 60 милиони долари.Шест авиони Ф-16 ќе бидат испорачани во 2023 година.