9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британците тврдат дека иранската гарда се обидела да им пресретне танкер

Ирански бродови опремени со оружје се обиделе да пресретнат британски нафтен танкер во Хормушкиот Теснец, пред да бидат протерани од бродови на британската кралска морнарица, тврди британската влада.

Според Би-би-си, на танкерот му било наредено да застане во близина на иранските територијални водни, но бродовите се повлекле по предупредувањата од британската фрегата.

Иранската Револуционерна гарда одрекува дека дошло до ваков инцидент.

„Во последните 24 часа немавме никаков инцидент со странски бродови во Хормушкиот Теснец, па така ни со британски“, се вели во изјавата на Револуционерната гарда објавена на нејзината официјална интернет-страница.

Иран се заканува со одмазда уште откако негов танкер беше запленет во Гибралтар минатата недела. Министерството за одбрана на САД не ги коментира настаните, иако Пентагон објави дека знае за извештајот.

Според извештајот, пет бродови од корпусот на иранската Револуционерна гарда се приближиле до танкерот British Heritage додека испловувал од заливот.

Притоа, екипажот на британскиот воен брод HMS Montrose, кој реагирал на пресретувањето, им се заканил на иранските бродови дека ќе стрела доколку не се повлечат.

Британските маринци минатата недела запленија ирански танкер во водите на Гибралтар, поради прибирање докази дека пловел во Сирија и покрај санкциите на ЕУ.

Иран во знак на одмазда се закани со заплена на британски танкер доколку иранскиот брод не биде пуштен.

Спонзорирано: