10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Четири обвинети жени се изложени на нехуман третман во затворот во Шутка

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека четири жени осудени за случајот за Шпанските скали 10 дена трпат нехуман третман во затворот во Шуто Оризари.

„Овие жени се дел од крајно сомнителниот случај за наводните Шпански скали, и продажба на државно земјиште кој што власта во директна корелација со обвинителство го креираше за да врши прогон на граѓани само заради наводна административна грешка, но истовремено да ја дефокусира јавноста од погрешните политики, скандалите, корупцијата и криминалот на актуелната власт. Третманот врз овие жени не може да се квалификува поинаку, освен како нехуман однос од проста причина што притворот им е определен за наводно да не влијаеле врз сведоци, а сведоци во досегашната постапка не се изведени, иако поминаа повеќе десет дена. Испаѓа дека обвинителството намерно не сослушува сведоци, само за да останат овие луѓе во притвор под изговор дека наводно можело да се влијае на сведоци“, рече Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука, додаде таа, постојат сериозни индиции дека властите и обвинителството ќе бараат продолжување на притворот на подолг рок, а притоа никој не кажува која е вистинската причина зошто овие жени, како и многу други лица се неосновано лишени од слобода.

„И прогонот се прекршува на грбот на овие жени, некои од нив и мајки, но и врз другите вклучени во овој случај како што се Димитар Димовски, Дејан Митески, Миле Јанакиески и останатите вклучени во монтираниот случај. Оттука бараме надлежните органи да ја преиспитаат одлуката за притвор на овие жени, кои над десет дена се одвоени од своите семејства и се третираат крајно нехумано. Кога веќе обвинителство нема сведоци во постапката, нема логика зошто да се држат во истражниот затвор „Шутка““, рече Стојаноска.

Спонзорирано: