21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Страшна сцена на автопат кон Белград – татко и ќерка загинаа, по улицата куфери и играчки

59-годишен маж и 33-годишна жена настрадаа утринава во тешка сообраќајна несреќа на автопатот кон Белград кај Мала Крсна.

Како што информира Курир.рс, се претпоставува дека настрадале татко и ќерка.

На седиштето зад возачот и совозачот во возилото од марка „шкода фелициа“ седеле две девојчиња, едното на возраст од една година, а другото имало 14 години, а до нив имало и постара жена.

Девојчињата биле пренесени во Универзитетската детска клиника и како што дознаваат медиумите, двете се свесни и комуницираат.

До несреќата дошло кога „шкодата“ со заејечарски регистерски ознаки се движела по коловозната лента, опд засега непознати причини со предниот десен крај удрил во возило на „Патишта Србија“ кое стоело во лентата за запирање. Потоа „шкодата“ удрила и во банкината.

Според последните информации, на оваа делница сообраќајот се одвива отежнато,

Полицијата врши увид.

Спонзорирано: